Ако сакате да употребите малку понестандарден начин на нега на телото и душата, може буквално да се нурнете во топла, релаксирачка када од времето на антички Египет.
Сè што ви треба е морска сол, млеко, мед и масло од пченични никулци и по можност, пријатно друштво.
Одвојте доволно време за да се релаксирате во бањата со добра музика во позадина и миризливи свеќи со цимет, ванила или портокал.
И така, уште пред да ја наполните кадата со топла вода, ставете две раце морска сол во неа и дури тогаш почнете да ја полните. На овој начин морска сол ќе се раствори поефикасно под растечениот млаз на вода.
Во тоа време измешајте ги останатите состојки, односно растворете околу една чаша мед и ½ лажиче масло од пченични никулци во еден литар топло млеко. Добро промешајте.
Потоа додадете ја смесата во кадата со морска сол и уживајте во задоволството од жешката када барем 40-45 минути.
Популарниот рецепт за разубавување во када со млеко и мед на Клеопатра е неприкосновен извор на убавина и егзотика.
Опцијата со додаток од масло од пченични никулци се грижи за уште поголема мекост и удобност на кожата.
Овој вид масло дава одлични резултати особено кај сува или мрсна кожа, а корисните состојки го спречуваат процесот на стареење на кожата и се борат против негативното влијание на слободните радикали.
Ако имате малку надразнета кожа или пак стрии, исто така, може да му верувате на благотворното дејство на маслото од пченични никулци – во форма на топла када или преку триење со лесни масажни движења во погодените области.
Витамините А, D, F и Е се грижат за подобрување на еластичноста и здравиот, свеж изглед на кожата, како и за цврстината на ноктите и за регулирање на функциите на лојните жлезди.