Ако се размислува за зголемување на градите со силиконски импланти, можеби треба да одите до Блекпул, Англија.
Градот е прогласен за “главниот град на операциите за зголемување на градите во Велика Британија”.
Новото истражување покажува каде во Западна Европа се прават најмногу естетски операции и какви. Блекпул дефинитивно заработува поени, кога станува збор за силиконските гради, додека во Абердин жените преферираат да прават дотерување.
Лондон е местото каде што може да си поставите филери, а во западен Лондон на почит е ботоксот.
Во Ипсвич дамите одат со идејата да ги намалат сантиметрите во пределот на стомакот.
Во 2011 година, трансплантацијата на коса исто така забележува одличен раст во Велика Британија – со цели 88%, откако фудбалската ѕвезда Вејн Руни си накалеми коса.
Еве и кои се примарните дестинации за различни пластични операции во Велика Британија:
Липосукција на стомакот – Ипсвич.
Ботокс – југозападен Лондон.
Силиконски импланти во градите – Блекпул.
Корекција на усни – Јужна Англија.
Филери – Лондон.
Операции за намалување на машки гради – западен Лондон.
Ласерско отстранување на влакна – Лидс.
Операции на носот – Лондон.
Трансплантација на коса – Улверхамптон.