Пентагон се подготвува да испрати тимови од експерти во неколку воени и федерални затвори, за да направат проценка на капацитетите и да се најде евентуален “заменик” на легендарниот затвор Гвантанамо-информира американското издание “Лос Анџелес тајмс”.

Едната од екипите ќе го посети воениот затвор во Ханахан, Јужна Каролина, следната недела, за да процени дали објектот е погоден за некои од 116-те затвореници кои се уште зад решетки во Гвантанамо. Неколку терористи беа уапсени во Ханахан , потсетува “Ел Еј тајмс”.
Минатата недела Шестчлената комисија го посетила воениот затвор во Форт Ливенворт, Канзас – единствениот воен затвор со максимална безбедност на територијата на САД. Обидот за затворање на Гвантанамо, кој беше изграден по нападите од 11 септември 2001 година, доаѓа по повикот на Обама кон американскиот Конгрес да ја укине забраната за трансфер на затвореници и да обезбеди испостава на американска територија, каде тие можат да бидат судени под покровителство на воени комисии.
Американското Министерство за одбрана се обидува да подготви план што ќе биде поддржан од Сенатот и Џон Мекејн, кој навести дека е подготвен да се согласи, ако “внатрешната безбедност не биде компромитирана на било кој начин”, потсетува “Ел Еј тајмс”. Капетан Џеф Дејвис – портпарол за Пентагон – изјави дека експертите ќе подготват проценка на трошоците потребни за сместување на затвореници во Канзас и Јужна Карлин, за воведување на подобрени мерки за безбедност и за изградба на специјални судници. Властите во Канзас и Јужна Каролина се силно против трансферот на затвореници, а и опозицијата предводена од републиканците Конгрес е силна. Обама се обиде да го затвори Гвантанамо уште од 2009 година, а Конгресот веќе неколку пати гласал против, потсетува “Ел Еј тајмс”.
“Конгресот неколкупати го запирал Обама да ги пренесе затвореници од Гвантанамо Беј. Додека јас го имам зборот, ниту еден од нив нема да биде ставен во Канзас “, изјави сенаторот Пет Робертс. Сенаторот Тим Скот е исто така силно против трансферот од Гвантанамо кон Ханахан: “Неверојатно е што Обама дури ја разгледува можноста да ги префрли затворениците во воениот затвор во Ханахан, кој се наоѓа во близина на основно училиште”. Меѓу затворениците во Гвантанамо има 52 одобрени за репатријација или пренесување зад граница, како и 62, меѓу кои луѓе кои “стојат зад нападите од 2001 година” како Калид Шеик Мохамед – кој се смета премногу опасен за ослободување. Поранешни затвореници од Гвантанамо, поврзани со Ал Каеда, се уапсени во Белгија.
Противници на идејата тврдат дека ниту една корекциона установа на територијата на САД не е доволно безбедна за затворениците од затворорт на кубанска територија . Од администрацијата на Обама контрираат со аргументот дека опасни терористи биле тужени и приведени на американска територија, пишува “Ел Еј тајмс”.
Во моментов се изготвува листа со такви корекциони установи. Обама тврди дека “симболот” на Гвантанамо Беј “поттикнува” терористички групи од целиот свет, и дека затворот станува прескап за одржување. “Нема логика да трошиме по 3 милиони. долари на затвореник и да држиме отворен затвор, кој целиот свет го мрази. Тоа не сме ние. Време е да го затвориме Гвантанамо”, рече Обама во официјалното соопштение. Од 2002 година во затвор поминале 780 осомничени за тероризам. Вкупно 655 биле пуштени на слобода или префрлени зад граница. Само осум биле тужени и прогласени за виновни по обвиненијата за воени злосторства, а само тројца од нив се сеуште во Гвантанамо, појаснува “Ел Еј тајмс”.