90 отсто од принцовите стануваат питачи

од desk3
88 прегледи

Наследниците на голем дел од богаташите во светот уште во втората генерација често пати ги трошат сите пари добиени од предците. Во 70% од случаите богатите семејства се лишуваат од своето богатство, кога тоа преминува кон внуците. А при правнуци работите стојат уште полошо – 90% од нив само ги празнат сметките и од парите не останува трага. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на компанијата Williams Group, пишува списанието “Тајм”.

20150819.butrovgaqv

За истото прашање живо е заинтересирана и американската компанија US Trust, која има направено свој анализа меѓу богати луѓе, чиј инвестиционен потенцијал изнесува минимум три милиони долари. “Бројките покажуваат дека 78 отсто од луѓето се уверени дека нивните деца се финансиски неодговорни и не можат да располагаат со наследството”, тврди претставник на компанијата.

Повеќе од половина милионери (64%) признаваат дека фактички не делат со своите деца ништо за вистинските димензии на состојбата. Според истражувањето за тоа има неколку причини. Прво, тие самите уште од раното детство се научени да не зборуваат за пари, бидејќи тоа се смета за непристојно. А тие пак се загрижени дека нивните деца ќе пораснат мрзливи и ќе се претворат во фалбаџии, и ќе раскажат на нивните пријатели за богатството на родителите.

Покрај тоа, многумина признаваат дека децата и внуците на милионерите не можат да ги ценат парите и не знаат како се заработуваат тие. Според оценките на стручњаците третата генерација е “проклета” и е исклучително тешко, ако воопшто е можно, да се научи економично да се однесува кон парите. Истражувањето покажува дека првото што го прават правнуците на богаташите кои добиле наследство е да си купат нов автомобил, а тоа се случува во рамките на просечно 19 дена.

Независно од сето финансиските експерти се уверени дека понекогаш децата можат да бидат научени да се однесуваат внимателно со парите, но на оваа тема треба да се зборува од најрана возраст. Освен тоа аналитичарите ги советуваат богатите луѓе да разговараат за тестаментот пред овој документ да стапи во сила. Според научниците овој пристап може да заштеди доста семејни проблеми поради пари и ќе им објасни на наследниците како треба да управуваат со статусот, па да не се доведат до просјачки стап по смртта на родителите.