Во последните неколку дена војната во Донбас премина во стадиум на активни артилериски дуели кои се зголемуваат со секој изминат ден. Очигледно е дека Генералштабот на вооружените сили на Украина ја опипува почвата, го одвлекува вниманието и се подготвува за целосна офанзива, пишува “Взглјад”.

“Техничкото броење на гранатите, истрелани од едната или другата страна веќе нема значење, исто како и динамиката на бомбардирањето. Ако за 24 часа се истрелани 100 ракети помалку, тоа не значи дека станало полесно и спокојно. Не треба да се оценува ситуацијата на фронтот на аритметички попис на гранати. Ситуацијата одамна е излезена од контрола, така што не може да се зборува за “број на прекршоци”.
Веќе нема никаков “Минск-2”, веќе нема никакви формални или договори “на зборови”, кои го ограничуваат користењето на едни или други видови на оружје. На преден план сега е излезена воената состојка која ги засенува сите дипломатски напори “, пишува весникот.