Супербогатите живеат во вечен страв да не го изгубат статусот, пишува списанието. “Форбс”, цитирајќи податоци од анкета на компаниите SEI Private Wealth Management и Scorpio Partnership.
Во примерокот се земени 300 лица, чие богатство надминува 18 милиони долари.
Истражувањето покажува дека 59% од инвеститорите велат дека најголемиот страв кој го доживеале е тоа да не ги загубат своите пари.
Независно од овие стравови, сепак оваа група на бизнисмени е уверена дека богатството им ќе се зголеми во текот на следната година.
Според истражувачите интересен е фактот дека меѓу очекувањата на инвеститорите и реалноста се забележува значителна диспропорција, но научниците тврдат дека тоа е нормално во овие средини – секој се обидува да земе поголемо парче од тортата.
