Мајкл Џордан е подготвен да се раздели со волшебниот дворец во Чикаго, додека да се најде човек кој ќе му даде 15 милиони долари за модерниот имот.
Пензионираната кошаркарска ѕвезда ја огласи во продажба куќата уште во 2013-та година, а тогаш за неа бараше речиси двојна цена – 29 милиони, но не го пронајде својот купувач.
Во последните неколку години Џордан живее со своето семејство главно во Палм Бич, Флорида, иако неговите врски со регионот на Чикаго, каде ги помина најславните години во 90-тите во тимот “Чикаго Булс”, не се целосно отсечени.
Во моментов тој е мнозински сопственик на тимот од НБА “Шарлот Хорнетс”, кој е од неговата родна држава Северна Каролина и Мајкл поминува доста време таму.
Минатата година 51-годишниот екс спортист стана татко на идентични близначки од втората сопруга – 35-годишниот поранешен модел од кубанско потекло – Ивет Прајто.
Погледнете ги фотографиите од зградата во галеријата.