(ГАЛЕРИЈА) Уникатната карпа Шипрок во Њу Мексико

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Шипрок или “Крилестата карпа”  е монолитно природно возвишение со вулкански состав, што се издига на речиси 500 метри над околната пустинска рамнина во Сан Хуан Каунти во американската држава Њу Мексико.00c1d90862a3564015608ad462d7286f

Се смета дека таа е остаток од античкиот вулкан, за кој се верува дека исчезнал пред милиони години. Ако ги оставиме научните факти настрана сепак, Шипрок е обвиткана од дамнина со волшебство и е плод на легенда.

Антички индијански мит гласи дека карпата некогаш била огромна птица, предок на Индијанците во новите земји во Њу Мексико. Затоа местото е свето за индијанскиот народ Навахо.

Во близина на вулканскотто возвишение, на помалку од 20 километри оддалеченост, се наоѓа градот Шипрок кој го добива името од познатата карпа. Самата уникатна природна творба е вистинска атракција и привлекува илјадници туристи секоја година.

Шипрок е и вистинска инспирација за фотографи од целиот свет кои сакаат да ја овековечат на ефектни слики. Мал дел од нив може да се најдат во нашата галерија.