Што е убаво лице? Кои карактеристики во него се привлечни? Премногу се, за да бидат наведени. Сепак и убавината е релативен термин. Некои тврдат дека симетријата е најважна за вистинска убавина. Други ги наоѓаат недостатоците за атрактивни, создаваат сјај и шарм на ликот.
Каде и да се наоѓа вистината, фотографот Берг Јонсен од Норвешка има своја гледна точка. Тој создава идеални според него слики, комбинирајќи ги преку фотошоп лицата на познати личности од музичката и филмската индустрија во потрага по “совршеното лице”.
Покрај Photoshop, тој се користи и со програмата SqirlzMorph, за да ги направи крајните детали по фотографиите. Софтверот е бесплатен и многу лесен за употреба.
Колин Фарел и Арнолд Шварценегер

Елизабет Олсен и Скарлет Јохансон

Значи, можете сами да пробате како би изгледало вашето лице во комбинација со нечии други карактеристики. Би било забавно, нели?
Уште од мајсторските фотографии погледнете во галеријата.
Слики: BoredPanda; Berg Johnsen

