(ВИДЕО) Роботот на “Гугл“ може да изгледа пијан, но не е

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Атлас, двоножниот робот на “Гугл”, кој со одредена доза имагинација може да помине како хуманоид, беше изведен на прошетка во шумата. 2B71276600000578-0-image-a-1_1439834076855

Компанијата “Бостон Дајнемикс” – дел на интернет гигантот, кој се занимава со развој му покажа и интересни кадри.

На прв поглед изгледа дека Атлас, кој сме го виделе и порано – но само во лабораториски услови – се движи како пијан робот од фантастичен филм.

Всушност сепак прошетката на отворено била многу тешка задача за научниците, бидејќи условите таму се непредвидливи и го ставаат роботот пред различни неочекувани предизвици.

Теренот е доста нерамен, има дрвја, а роботот мора да се справи со балансот на сериозната сопствена тежина. Тој сè уште е поврзан со долг кабел кон напојување, но во иднина треба да биде елиминиран.