„Вашингтон Пост“ откри кој е американскиот „Путин“

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Владимир Путин и Доналд Трамп многу наликуваат во својот стил на однесување и зборување. Тие не пропуштаат да ветат обновување на величието на своите земји, но без да се впуштаат во детали како ќе се случи тоа. Но, и двајцата умеат да го привлечат и вниманието на медиумите.20150819.qanzyxqsxq Ова го пишува “Вашингтон пост” во својот напис.“Доналд Трамп ветува враќање величината на Америка, но не нуди конкретен план. Користи груби и дури вулгарни зборови, што им се допаѓа на обичните луѓе, без да го почитува тоа дека самиот е милијардер. Тој е и нарцис, кој се полни од вниманието на медиумите и во сето тоа многу личи на Владимир Путин “, се вели во материјалот.

Популарноста на таквите политичари се крепи на нивната дрска самодоверба. Трамп пример предвиде во интервју за NBC дека по 4 години сите во Америка ќе ги фалат неговите историски достигнувања како претседател на земјата. Владимир Путин создаде во Русија свој идеалистички образ како “генерален директор на корпорацијата Русија”, иако неговиот стил на водич повеќе личи на мафијашки, дополнува весникот.

Но, во Русија Путин претставува “невидлив и ненајавен” слој на луѓе кои живеат и сонуваат за реванш – односно за враќање на големата седржава од времето на СССР. Трамп за возврат го претставува повеќе сопственото величие и се дефинира како “историја на американскиот успех”, скромно пропуштајќи ги своите четири банкрота. Неговите директни искази и демагогија не го вознемируваат, бидејќи обичните Американци се уморни од политичките двосмислици. Најневеројатно е дека во државите популарноста на милијардерот расте, иако по традиција луѓето во земјата не сакаат авторитарен стил како овој на Путин. Засега Трамп е исклучок, но тешко дека ќе остане таков долго.