САД побараа од Русија без одлагање да go врати во неговата земја естонскиот контраразузнавач, кој беше осуден од руски суд на 15 години затвор за шпионажа, пренесе Франс прес, цитирана од светските агенции.
“Длабоко сме загрижени од осудата на 15 години затвор на работникот на естонскaта служба за внатрешна безбедност на Естонија- Кохвер”, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.
“Повторно ја повикуваме Руската Федерација да дејствува во согласност со меѓународните обврски и веднаш да го врати Кохвер во Естонија”, побара американската дипломатија.
Претходно денеска руското правосудство го осуди Кохвер на 15 години затвор за шпионажа. Тој бил уапсен во Русија, но според властите во Талин бил киднапиран во Естонија, што предизвика европски протести во амбиент на конфронтација меѓу Русија и Западот.
Естонските власти истакнуваат дека Кохвер е киднапиран од руските специјални служби и незаконски држен во руски притвор во текот на речиси една година во кршење на меѓународното право.
