Еден од најпознатите каравани “Ејрстрим”, произведен уште во минатиот век докажува дека понекогаш старите работи не смеат да бидат исфрлени и дека всушност “реновирањето” може да биде доста корисно.
Караван, произведен во 1954 година,покажува дека може да изгледа подеднакво стилски денес, како во минатиот век. Тој е претворен во модерен-ретро дом на тркала, чиј ентериер е обновен, а надворешноста е полирана до брилијантност.
Претходно предметниот Ерстрим караван бил користен како прибежиште за риболов во близина на езерото во Орегон. По реновирањето сепак, тој е подготвен за заминување кон различни авантури.
Внатрешниот дизајн создава чувство на удобност и комфорт, благодарение на топлите и природни бои. Мебелот е од дрво, а паркетот е даб.
Во нашата галерија може да го разгледате караванот од 50-тите години на минатиот век, кој веќе е еден топол дом на тркала.