Бел пеликан од кинескa зоолошка градина доби нов клун-протеза, направен на 3D печатач.
Пеликанот е еден од 12-те во зоолошката градина во градот Далиан. Во мај вработените забележале дека клунот на птицата е силно оштетен. Тоа ја спречувало да се храни целосно, што требало да доведе до нејзина смрт.
“Пеликанот е зрел самец. Тоа ни даде причина да претпоставиме дека веројатно е оштетен клунот во судир со друг машки пеликан за време на борба за срцето на некоја женска”, раскажува портпаролката на зоолошката градина Лиу Вен-Лианг. “Можностите биле две: пеликанот да биде успиен, или да се направи делумна протеза”.
Првично била направена делумна протеза од алуминиум. По еден месец, сепак алуминиумското парче се уништило. Тогаш била направена протеза на 3D печатач, со која пеликанот веќе се храни целосно. Сличен случај имаше неодамна во Бразил, каде што поставија протеза на фламинго со ампутирана нога.