(ГАЛЕРИЈА) Зошто вреди да се посети Нов Зеланд

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Во светот постојат стотици импресивни места, кои маѓепсуваат со својата убавина. Нов Зеланд секако е едно од нив.e933a47fd436a519844410945f9c6048Многу од луѓето поминале години од својот живот во обиколка на земјината топка, нужно ставајќи го Нов Зеланд во личниот рејтинг за најубави места во светот.

Многу оддалечен, Нов Зеланд фасцинира со своите природни знаменитости. Голем дел од “чудата” можат да се видат на Јужниот Остров.

Тој е еден од двата главни острови на земјата и по големина зазема 12-то место во светот меѓу сите острови.fbc3b4bcea1230088adec98c3135f083

На територијата на Јужниот остров има скриени плажи кои импресионираат, прекрасни планински предели кои го запираат здивот, спектакуларни езера и селски градби кои додаваат уште фасцинација кон ова парче од рајот.

За да се уверите во убавината на Нов Зеланд и особено на големиот нејзин остров, доволно е само да ја разгледате нашата галерија.