Златото и среброто тргнаа нагло нагоре

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Денес златото и среброто регистрираа значаен раст на цената на позадината на зголемената побарувачка од инвеститорите поради политичката и економска несигурност во светот, објави “Вол стрит џурнал”.

злато

На Њу Јорк берзата  Comex фјучерси  златото поскапе со малку над 20 долари за унца, што е околу 18% раст. Едни од последните бројки  достигнаа ниво 1151 долари за унца. Кај среброто фјучерсите со испорака од декември исто поскапеа до 15.51 долари за унца или со 1,89%. Трендот кај хартиите метали е од околу една недела, коментираат брокерите. Инвеститорите стравуваат од усложнување на економската ситуација во Кина и бараат безбедни средства за внесување на пари. За тоа придонесоа и објавената денес девалвација на казахстанската валута, а исто така и девалвирањето  на виетнамската национална валута вчера. Токму оваа несигурност на валутите во светот дава нова сила на хартиите и  металите. Сега погледите на инвеститорите се насочени кон очекуваното во септември зголемување на основната каматна стапка во САД, но тоа не е сигурно, иако  некои од експертите предвидуваат тоа да се случи дури кон крајот на годината.