“Форбс”: Кланот Ротенбергови веќе не се најбогати во Русија

од desk3
74 прегледи

Семејството изгуби 2,95 милијарди долари од санкциите, ги помина кланот Гуцерлиеви со 3,85 милијарди.

20150820.kyvmetaafu
Кланот Ротенбергови, во кој влегуваат три лица од листата на “Форбс” – Аркадиј Ротенберг (на 60 место), неговиот син Игор (на 166 место) и неговиот брат Борис (на 99 место), ја загубија лидерската позиција на најбогатите семејни кланови според “Форбс”. Весникот забележува дека за една година, откако семејството влезе во листата на санкционирани, Ротенбергови изгубиле вкупно 2,6 милијарди долари и сега статусот на семејството се проценува на 2,95 милијарди долари. Во минатата година општата состојба на тројцата бизнисмени изнесуваше 5,55 милијарди долари.

Сега на чело на најбогатите кланови во Русија е семејството на сопствениците на групацијата Бин- Михаил Гуцерлиев (на 38 место) и неговите браќа Саит-Салам (на 142 место) и Хамза, како и внукот Мика Шишханов (на 139 место). Во изминатата година нивната состојба исто така е намалена, но не толку многу, колку што е на Ротенбергови, за само 1 милијарда долари и во моментов тоа е 3,85 милијарди долари.

Пред тоа, стана јасно дека поранешната жена на Аркадиј Ротенберг поднела жалба во судот во Лондон против ексопругот , за да и плати финансиска компензација за неплатена детска издршка, кои Ротенберг не може да ги испрати поради санкциите против него.

Сопругата на поранешниот градоначалник на Москва Јуриј Лужков – Елена Батурина, која е шеф на Надзорниот одбор на “Inteco Management”, по трет пат ја предводи листата на 50 најбогати жени во Русија според списанието. “Форбс Воман”. Нејзината состојба изнесува 1 милијарда долари.