С. Кореја нареди полна борбена готовност, Ј. Кореја се заканува со одмазда, САД вежбаат во соседтсвото, а Русија загрижена…

од desk3
86 прегледи

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нареди покренување на војската во целосна борбена готовност вчера во 17 часот по локално време, соопшти Корејска централна новинска агенција (севернокорејска новинска), цитирана од агенциите.

2110290697

Вечерта на 20 август Ким Џонг Ун ја собра на вонредна седница командата и издаде наредба за доведување на војската во борбена готовност од 17 часот по локално време, се наведува во информацијата на агенцијата.

Јужнокорејската агенција Јонхап соопшти, повикувајќи се на државната телевизија на Северна Кореја дека командантите на Корејската народна армија се испратени кај граничните единици на војската за преземање на воени дејствија со цел уништување на средствата за психолошка војна и подготовка за можна реакција на противникот ако пропагандните емитувања не бидат прекинати до 48 часа.

Северна Кореја се обидела да уништи уреди долж границата со Јужна Кореја, кои емитуваат анти-Пјонгјанг пропаганда од неделата наваму. Како мерка на претпазливост властите во Јужна Кореја ги евакуираат цивилите по границата со северниот сосед.

Официјален Пјонгјанг негира дека го почнале пукањето и даде ултиматум на Сеул да ја запре пропагандата до 48 часа, кои завршија во 17 часот по локално време.
Според АФП Пјонгјанг побарал од Советот за безбедност на ОН да одржи вонредна средба, на која ќе ги разгледа заедничките воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД. Севернокорејскиот претставник Ча Сон Нам испратил барање во писмена форма до Советот во средата, ден пред тензиите меѓу Пјонгјанг и Сеул да ескалира.

“Ако Советот за безбедност повторно го игнорира барањето на Северна Кореја да се разгледаат заедничките вежби на САД, тоа ќе покаже дека тој не може да ја врши својата примарна мисија да ги поддржува меѓународниот мир и безбедност и се претвора во политички инструмент на индивидуална сила”, пишува севернокорејскиот претставник .

ОН изрази сериозна загриженост од зголемувањето на тензиите. Русија ги повика Сеул и Пјонгјанг да покажат воздржаност и да избегнуваат активности со употреба на огнено оружје, соопшти ТАСС, повикувајќи се на руското Министерство за надворешни работи.

Република Кореја и се закани на Северна Кореја со „беспоштедна одмезда“ во случај на нови провокации од Северот, пренесе ТАСС, цитирајќи го јужнокорејското Министерство за национална одбрана.

Сеул ќе изведе беспоштедни напади како одговор на секој напад од страна на Северна Кореја и одговорноста за овие активности ќе биде на Пјонгјанг, се наведува во соопштението на министерство. Тоа, исто така, информира дека на севернокорејскиот Генералштаб му испратило телеграма со иста содржина, со која побарало „прекин на неразумните активности“.

10korea2-span-articleInline

Министерот за национална одбрана генерал Хан Минку претходно на армијата и нареди „ да даде решителен отпор“ на секоја провокација од страна на Северот.

Сериозното заострување на ситуацијата на Корејскиот полуостров настапи вчера, откако Северна и Јужна Кореја си разменија артилериски оган во западниот дел на демилитаризираната зона.

Северна Кореја вчера упати 48-часовен ултиматум за запирање на пропагандната кампања со мегафони, разместени во демилитаризираната зона.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун наредил денеска до 17 часот по локално време војската да се доведе во состојба на целосна борбена готовност, пренесе ТАСС.

Република Кореја пак ќе продолжи го кампањата независно од заканите на Северна Кореја, пред новинарите изјави претставник на јунокорејското Министерство за одбрана, пренесе ТАСС.

Во секретаријатот на ОН со голема загриженост се следи ситуацијата на Корејскиот полуостров по вчерашната артилериска престрелка меѓу Северна и Јужна Кореја, изјави Ери Канеко, претставничка на канцеларијата на генералниот секретар на ОН, додаде ТАСС

Северна Кореја треба да покаже воздржаност, изјави генералниот секретар на Владата на Јапонија Јошихиде Суга во врска со артилериското пукање меѓу Северна Кореја и Јужна Кореја во четвртокот, пренесе РИА Новости.

6d17d140d533d637c77870b874bbcacf

“Тоа предизвикува голема загриженост. Северна Кореја треба да се воздржи од провокативни акции “, изјави Суга.

Министерството за одбрана на Јапонија, исто така, изрази загриженост од ситуацијата на Корејскиот полуостров.

“Во врска со зголемените тензии меѓу Северна и Јужна Кореја ги вложуваме сите сили за собирање на податоци и анализа на ситуацијата со цел да се обезбеди мирот и безбедноста на нашата земја”, изјави јапонскиот министер за одбрана Ген Накатани.