По долги години тврдоглаво одбивање, Facebook одлучи да им овозможи на компаниите да користат анимирани банери и публикации, соопштува блогот TechCrunch. За сега пристап до новите можности ќе имаат само две компании, но постепено нивниот број ќе се зголемува.
Години по ред Марк Цукерберг не го дозволуваше воведувањето на анимирани реклами и публикации од компаниите. Основачот на Facebook сметаше дека тие ќе го нарушат корисничкото искуство и ќе ги одбијат луѓето.Сега сепак, компанијата одлучила да проба, откако корисниците веќе се навикнати на видео клиповите во социјалната мрежа, кои се пуштаат автоматски.
Анимирани банери и публикации ќе можат да пуштаат прво Wendy’s и бразилскиот бренд Нат Coca-Cola Kuat. GIF-овите ќе се гледаат само во спонзорирани публикации, кои ќе се претворат во главниот рекламен формат на Facebook. Малите реклами во десната колона постепено ќе исчезнат целосно.Според Facebook GIF-овите се забавен начин да се комуницира и може да овозможат создавање на креативни реклами. Ако компанијата и првите рекламни се задоволни од резултатите, функцијата ќе биде активирана и за останатите корпоративни страници.