Во Лондон 25-метарски базен со проѕирно дно (Sky Pool) ќе соедини две 10-катни згради. Интересно е дека “врската” е прв од ваков вид во светот, бидејќи базенот ќе се наоѓа на 35 м. височина и пливачите во него ќе можат да гледаат кон пешаците “од високо”.
Проектот е дело на дизајнерите од Eckersley O`Callaghan кои порано работеле врз дизајнот на продавници на Apple во различни градови низ светот. Базенот ќе стане дел од пејзажот на станбениот комплекс Ембаси градини, кој се наоѓа недалеку од центарот на Лондон.
Дизајнерите на објектот се надеваат дека ќе го завршат проектот во 2019 година, но реализацијата нема да биде лесна, бидејќи базенот ќе поврзува две згради издигнати на различни основи. “При ветер тие се нишаат на поинаков начин, поради што главниот проблем е што се обидуваме да здружиме со кревка конструкција две згради кои не се нишаат во синхронизација”, рекол за ББС инженерот Брајан Екрсли.
Но, базенот немало да биде изработен од обично стакло. Водата ќе биде филтрирана за да останат ѕидовите на базенот од внатрешната страна чисти. Однадвор висечкиот базен ќе биде чистен регуларно.