Коко Шанел: Архива на модната куќа во цитати

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Иако Коко Шанел е родена на 19 август, точно пред 132 години, многу од нејзините иконски знаци на личен стил се во основата на истоимената модна куќа. И дури и не станува збор само за бисерите или најубавите камелии.a27e1c169bfa0fbd6b51a9967ba6402e

Иконата во индустријата постојано давала глас на своите мисли и тие како да се материјализирале во колекциите за секоја сезона, оставајќи јасна трага во историјата.

Во интерес на вистината, овој процес ни од далеку не е завршен и до денес го гледаме Карл Лагерфелд во улога на бранител и главен медијатор меѓу наследството на Chanel и современата стилска жена.

Своевидна ода за суптилноста на урбаната дама на Париз и бесмртниот француски стил последен пат видовме во колекцијата на модната куќа за есен-зима 2015 и јасно ја видовме материјализицијата на некои од најпознатите цитати на Коко Шанел.

Ви ги претставуваме фразите на Првата дама во модата и нивните импликации во силуети на урбаната жена во последната колекција.

1. “Модата не е нешто што постои само во фустани. Модата е во небото, на улица, модата треба да работи со идеи, со начинот на кој живееме и она што се случува “

Бистрото и кафуле “Brasserie Gabrielle” што го видовме како главна сцена на која беа претставени предлозите за есен-зима 2015, ја материјализираат главната идеја на Коко Шанел дека модата е обврзана со секојдневието и начинот на кој луѓето живеат. Вештината на Карл Лагерфелд да излезе од стереотипната презентација на модната писта и да ѝ понуди на публиката различна и поблиска до самите нив средина за колекциите, со секоја сезона ја имплементира во секојдневниот живот.

2. “Модата е архитектура: Сè е прашање на пропорции”


Комбинации помеѓу графички форми и 3D ефекти се откриваат јасно во секоја колекција на Chanel. Мајсторството на изработка и технологија го докажуваат тврдењето на Коко Шанел за тоа дека креативноста во индустријата секогаш е врзана со конструирање на силуета со методи со кои ракува и архитектурата.

3. “Жените мислат за секакви бои освен за недостатокот на боја. Сум велела дека црното има сè. Белото исто. Нивната убавина е апсолутна. Тоа е совршена хармонија. “


И покрај тековните трендови за различни живописни бои и комбинации помеѓу нив, кои ги гледаме секоја сезона, некои класици никогаш не умираат и се  најдобриот избор за секоја пригода.

4. “Модата стана шега. Дизајнерите заборавија дека има жени во фустани. Повеќето жени се облекуваат за мажи и сакаат да служат за восхит. Но, исто така, тие треба да бидат способни да се движат, да влезат во автомобил без да ги скинат шевовите.Облеката треба да има природни форми “


Често гледаме еден тренд во модата за супериорност на изгледот над практичноста. Се разбира, тоа дава одраз врз удобноста на жените и го менува обликот на индустријата таква каква треба да биде. Предлозите во колекциите на Chanel се придржуваат кон етаблирање за брендот на практичност во секоја силуета, која не само што нагласува на предностите, но и не пречи на удобноста.

5. “За да биде незаменлива, една жена треба да биде секогаш поинаква”


Нестандардните решенија и контрастни комбинации меѓу парчиња и форми во силуетите на Chanel ја создаваат токму оваа посебност, која лесно се идентификува со индивидуалноста на секоја жена. Пердувите, играта со светлината и 3D ефектите воопшто не се туѓи на Карл Лагерфелд – формулата го носи токму овој стил за жената.