Одбегнувајте ја Македонија – Власта е неспособна да се справува со проблемите и користи сила

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Од оние на фејсбук што ја поддржуваат акцијата на полицијата кон мигрантите во Гевгелија или кои бараат да „не се ловеле политички поени врз несреќата на мигрантите“ може ли некој да пресмета колкава штета ѝ направи на Македонија таквата акција на полицијата?

CM8ZoNZWUAAUnzF

Сите светски медиуми пренесоа дека македонската полиција употребила шок бомби и гас врз немоќни жени и деца, поставени пред бодликавата жица на нашата граница. Една ваква глупост го поништи ефектот на сите скапо платени кампањи на Груевски за Македонија како рај за туристите. Го покажа и карактерот на сегашната власт во Македонија.

Таа е неспособна да се справува со проблемите и затоа користи сила. Таа е недоговорна и не мисли на последиците.

Таа е нехумана и нечовечна и затоа врз луѓе кои се веќе зад бодликава жица може да се осуди да фрла шок бомби и гас не водејќи сметка за децата, бремените жени и беспомошните мажи. Таа е ксенофобична и расистичка и тоа јавно го демонстрира.

Таа ја презема улогата на главен профитер од кризата со мигрантите и ја подигнала цената на возните билети од Гевгелија до Табановце, од 330 на 600 денари.

Таа е срам за Македонија. Во сред туристичка сезона некои соседни земји по ова побараа од своите граѓани да ги избегнуваат границите на Македонија.Толку, од помошта на владата за туризмот.

Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов