Сакате да експериментирате со некое ново јадење?
Ако одговорот е “да” и го покривате следниот критериум – обожаватели сте на азиската кујна и карито, тогаш овој рецепт е идеален предлог за вас!
Како што знаеме, оризот е на почит во Азија, па тешко дека ќе се изненадите што тој е присутен во јадењето.
Кари и наут се другите две многу важни состојки кои ќе дадат неодолива арома на предлогот.
Одвојте 30 минути во кујната и опремете се со следниве состојки:
– 2 чаши Басмати ориз;
– 2 лажици растително масло;
– 1 голема главица кромид – ситно сецкана;
– Сол и бибер по вкус;
– 2 лажички кари во прав;
– 2 чешниња лук – толчен;
– 1 чаша зеленчукова супа;
– 2 конзерви наут – исцеден и измиен;
– 350 милилитри млеко;
– 1 лажица мед;
– 1 лажица чили (повеќе по вкус);
– Коријандер за сервирање;
Начин на приготвување:
1. Згответе го оризот според упатствата на пакувањето. Во тоа време загрејте го путерот во тава на средна температура. Додадете кромид и зачинете со сол и црн пипер. Гответе неколку минути додека кромидот не омекне и не стане златен.

Фото: thepioneerwoman.com
2. Посипете го лукот со кари, промешајте и гответе уште една минута. Потоа истурете ја зеленчуковата супа и промешајте.

Фото: thepioneerwoman.com
3. Почекајте една минута и додадете млеко, мед и чили. Повторно промешајте.

Фото: thepioneerwoman.com
4. Откако смесата ќе зоврие, додадете наут, намалете ја температурата и оставете го јадењето на да се сталожи 10-тина минути. Додадете зачини, ако е потребно.

Фото: thepioneerwoman.com
5. Во чинија ставете од оризот и прелијте на врвот со дел од веќе готовата смеса. Гарнирајте со ливчиња коријандер.

Фото: thepioneerwoman.com