Судот во Египет пресуди- доживотен затвор за лидерот на “Муслимански браќа” Мохамед Бади, пренесе ББС. Тој и неговите соработници беа прогласени за виновни за напад врз полициска станица, извршено во 2013 година во Порт Саид.

Во април оваа година судот во Каиро пресуди смртни казни за Бади и 13 негови приврзаници, откако беа прогласени за виновни за поттикнување немири во врска со настаните во текот на летото на 2013 година, по отстранувањето од власт на претседателот Мохамед Морс.
Досега против Мухамед Бади се изречени две смртни и две доживотни затворски казни.
Движењето “Муслимански браќа” дејствува во Египет, Сирија, Палестинската автономија, Ирак и други земји.