Русија и Кина се зближуваат со секој изминат ден. Кога во мај 2015 година кинескиот претседател Си Џинпин ја посети Москва, кинеските медиуми напишаа: “Кина и Русија ги зајакнаа и ја прошируваат својата стара дружба, која се роди со успешно заемно корисна соработка, а исто така додаваат и нови аспекти кон своето стратешко партнерство”.

Тешко е да се каже дали тоа е така. Постојат две гледишта како ќе се развиваат руско-кинеските односи. Првата ги смета за проблематични во самата суштина. Така мислат голем број пензионирани американски високи чиновници – поконкретно Познатиот политиколог Џозеф Нај. Се претпоставува дека приближувањето меѓу Русија и Кина е “брак од интерес”, базиран на меѓусебна недоверба. Како што напиша еден од авторите на “Волстрит џурнал” “Кина и Русија едвај ќе можат да стигнат до стабилно стратешко партнерство”.
Приврзаниците на втората перспектива стравуваат дека Кина и Русија ќе создадат “моќна оска”. Тие сметаат дека Пекинг и Москва ќе создадат стабилен сојуз кој ќе биде предизвик за американскиот хегемонизам. Како што истакна во својата статија за “Форин за Офис” научникот од Принстон Гилберт Розман, ова партнерство може да се претвори во “карактеристика на новиот геополитички поредок, појавнопо Студената војна”. Иако се во Евроазија, смета дека Русија и Кина имаат глобални амбиции.
Овие две гледишта ја драматизираат реалноста, која претставува нешто помеѓу нив.Присуството на несогласувањата ви интереси не ја исклучува соработката меѓу Кина и Русија – и оваа соработка навистина се проширува. Доволно е да се потсетиме за заедничките поморски вежби во јужно-кинески и јапонски мориња. На економскиот фронт земјите неодамна најавија дека ќе контактира со кинескиот Економски појас на Новиот пат на свилата и рускиот Евроазиски економски унија, за да се интегрираат целосно во Евроазија. Во исто време, аналитичарите не треба да се преценуваат големината и стабилноста на кинеско-руските врски. Идејата за “оска на авторитаризмот”, способна за преструктуирање на светскиот поредок, не зема предвид дека Кина и Русија се конкуренти.
Без сомнение, некои аспекти на соработката меѓу Русија и Кина им се закануваат на интересите на САД. На пример, Пекинг и Москва ги здружија силите за наметнување на концептот за “сајбер суверенитетот”, т.е. засилувањето на контролата на државата врз интернет активноста, што доведува до фрагментација на слободниот и отворен интернет. Покрај тоа рускиот дотур за Кина на современи ракетни комплекси С-400 може сериозно да го комплицираат американското воено планирање во Азиско-пацифичкиот регион.
Но многу насоки во нивното партнерство или не се сечат со интересите на Америка или дури и им одговараат. На пример, двете страни активно помагаат при склучувањето на неодамнешниот нуклеарен договор со Иран и нивната помош ќе биде потребна за негово спроведување. Нешто повеќе, Русија и Кина ветуваат заеднички да се зафатат со економскиот развој на Азија, а тоа е во интерес на целиот свет, ако ги погледнеме работите пошироко.
За САД руско-кинеската соработка е нееднозначен фактор. Токму поради оваа причина двете споменати погоре гледишта не дозволуваат да се изработат прифатливи политички препораки. Првата премолчено претпоставка е дека ова партнерство ќе се урне од само себе и затоа воопшто не вреди САД да реагираат на него. Приврзаниците на втората препоставка бараат Америка дипломатски да ја спречуваат појавата на кинеско-руската оска. Фактички тоа значи враќање кон стратегијата од ерата на Студената војна. Како што рече во своето неодамнешно интервју теоретичар на меѓународните односи проф. Џон Миршајмер, “да се поттикнуваат Русите во прегратките на Кина е првокласна стратешка глупост”. Следбениците на оваа школа од надворешнополитичката мисла стравуваат дека премногу острата реакција на САД кон руските акции во Украина и во другите земји од “најблиското странство” / термин со кој се дефинираат поранешните советски републики – бел.ред. / Може да ја зајакне Унијата меѓу Русија и Кина, а спротивставувањето против самоуверена однесување на Кинезите во Азија може да го поттикне Пекинг да ја поддржи руската злоупотреба. Со други зборови, не вреди премногу силно да се изврши притисок врз секоја од земјите поединечно, за да не се прилепи премногу силно една кон друга.
САД имаат потреба од нов пристап заснован на два принципа. Првиот, Америка треба да се концентрира на тоа да ја изолира и Русија, и Кина, без да се обидува да ги раздели.
Ќе почнеме со тоа, дека ниту еден од овие два пристапа не препорачува уништувањето на партнерството преку моќ и притисок – тие предлагаат да се користи “стапот” единствено и само одделно против Русија и Кина, каде што е потребно да бидат притиснати на некое конкретно прашање. Останува сепак “морковот”, кој попусти е насочен кон тоа да се скараат Кина со Русија и обратно нема да доведат до ништо, бидејќи може да им наштети на виталните американски интереси. Да речеме дека Америка се помири со рускиот територијален ревизионизам, надевајќи се на ново зближување меѓу Русија и Западот. Тоа пак само ќе ги зајакне амбициите на Кина, но нема да ја принуди Русија да се спротивстави на кинеските територијални претензии.
САД во моментов немаат доволно атрактивни стимулации за уривање на руско-кинеското партнерство. Прашањето е во тоа што структурата на односите меѓу двете земји силно се сменило од ерата на Студената војна. Некогаш САД и Кина можеа да склучат нешто слично на сојуз против Русија, бидејќи Кина беше слаба, а Москва се обидуваше да ја претвори во своја марионета, со што таа не сакаше да се помирува. Денес послабата е Русија, но Кина не се обидува да ја наметне својата волја. При тоа, режимот на Путин се потпира истовремено врз идеолошки спротивставување со Западот и на зајакнувањето на врските со Кина. За возврат Америка нема што да им понуди на Кина за да се откаже од односите со Русија или да се обиде да ја заузда. Вистината е дека колку поголеми проблеми создава Русија во Источна Европа, толку помалку внимание САД можат да одвојат за Азија.
Секако дека не станува збор за принципиелно откажување од соработка со Кина во Русија, Украина и другите прашања. Вашингтон не треба да се лаже и да смета дека во сегашната ситуација Кина или Русија ќе сметаат дека е неопходно да се откажат од заедничката соработка. Наместо тоа САД треба заедно со своите партнери и сојузници, а исто така со другите земји, да реагираат соодветно на неприфатливото однесување на Кина и Русија во нивните сопствени региони, вклучувајќи и користејќи притисок и енергетските мерки. Во исто време Америка не треба да се легитимира како против кинеско-руската соработка таму каде што тоа не се одразува негативно на нејзините интереси или интересите на нејзините сојузници.
Вториот принцип на интеракција кон руско-кинеската обединување е да се обрнува внимание кон неизбежните несогласувања меѓу Москва и Пекинг. Наместо да се обидуваат да внесат раскол меѓу двете земји, САД треба да и дадат на Русија и Кина можност и простор за меѓусебно Оддалечување. Тоа значи не борбата на обидите на двете држави да го прошират своето влијание во вкупниот двор, туку дури премолчено да ги поттикнува. На пример, Русија и порано беше загрижена од ранливоста на своите далекуисточните територии, затоа таа одржува стратешки врски со земјите кои граничат со Кина, вклучувајќи ги Индија, Северна Кореја и Виетнам.Украинската криза ги замрзна односите на Русија со Јапонија, но не треба да се заборави дека до 2014 година дури овие две земји се зближуваат постепено. САД не треба да ги попречуваат овие контакти. Напротив, Америка би требало според неофицијални канали да даде да се разбере дека таа ги одобрува во овие случаи, кога тие ќе им овозможат на Русија да ја игра улогата на противтежа на кинеското влијание во Азија.
Што и да зборуваат официјалните лица од овие две земји дека се обидуваат да го поврзат рускиот проект за Евроазиски економски сојуз со кинескиот проект за Економски појас по Патот на свилата, Русија сигурно ќе се вознемирува од пенетрација на Кина во нејзината традиционална сфера на влијанија во Централна Азија. Чувствувајќи дека на Запад НАТО оди во ќорсокак, Русија ќе се стреми кон Исток. За моментов работат тпремолчениот договор Русија да се занимава во регионот со прашањата на безбедноста, а Кина – со економските прашања. Но, таа најверојатно ќе пропадне кога стремежот на Кина да ги брани своите инвестиции со помош на билатерална соработка во областа на безбедноста со Централна Азија републики ќе почне да предизвикува стравувања кај Русија. Кон ова треба да се додаде дека присуството на Кина во регионот ќе продолжи да расте и локалните влади најверојатно ќе се обидат да играат на противречностите меѓу Пекинг и Москва. Тоа сигурно нема да ги подобри нештата.
САД не треба да се мешаат во овој процес – нека регионалната конкуренција си оди. Добрата стратегија треба да е свесен за она што не треба да се прави. И во овој случај САД не треба да влегува во конфликт со Русија и Кина во срцето на Евроазија. Нека двете држави бидат противтежа една на друга и заедно да се борат против тероризмот, против чие противење Америка истроши толку сили и средства. Ако Кина и Русија сакаат да бидат водечки партнери во областа на безбедноста во Авганистан или да финансираат развојот на инфраструктурата во регионот, САД треба само да го поздравуваат ова. Колку повеќе внимание и ресурси овие две држави одделуваат на Централна и Јужна Азија, толку помалку сили ќе им останат за Европа и Источна Азија. Тоа не значи дека САД треба да го игнорира овој регион.Напротив, тие треба многу внимателно да ги следат случувањата таму – на пример, во својство на набљудувач во Шангајската организација за соработка и на член на Азиската банка за инфраструктурни инвестиции. Ова треба да се прави во најмала рака, за да не се испуштаат од поглед руско-кинеските односи.
Понекогаш мора да се засилуваат природните несогласувања со помош на индиректни удари по моторите на руско-кинеската соработка. За таа цел не треба да се прават отстапки. Еден од овие мотори е енергетиката. Растот на нафтената и гасната трговија во одредена мера ќе ја зајакне соработката меѓу двете земји во поширока смисла, дури и ако нивото на предвидените според договорите од 2014 година цевководи не бидат постигнати. Само по себе диверзификацијата на светските пазари на енергија е добра работа, но Русија и Кина не треба да зависат премногу еден од друг. Затоа има смисла Америка да го намали обемот на руско-кинеската трговија со енергенси, почнувајќи да извезува за Кина сопствена нафта и гас од нетрадиционалните резерви. За разлика од Москва и Пекинг, Вашингтон не може да го присили бизнисот да се занимава со ова, но е сосема способен да создаде поволни услови за американско-кинеската енергетска трговија – особено за целта е потребно да се укине забраната за извоз на сурова нафта .
Приближувањето на Русија со Кина е повод за избалансирани решенија, а не за потсмев и паника. Интересите и вредностите на САД бараат да се дава отпор, вклучувајќи и со сила, наспроти лошото однесување на двете големи држави. И појавата на руско-кинески унија не ја укинува оваа логика. Обидите да се прават отстапки на Русија во Европа или на Кина во Азија, за да ги отстапат земјите една од друга, нема да дадат ништо. Би било разумно тивко да се унапредуваат меѓусебните несогласувања меѓу нив. Токму овој пристап при правилно спроведување може да му обезбеди на САД максимален успех – како во времето на Студената војна, само со друга тактика.
————–
Џејкоб Стоукс и Аликзандер Селивен “Форин офис”.
Вашингтон / САД