Како да ја преобразите гаражата во простор за живеење

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Гаражата е место определено за “дом” на вашиот автомобил, но неговиот простор (особено ако е поголем) има потенцијал да се претвори во нешто многу повеќе од место каде што само ќе ја паркирате вашата кола.394161d279aae1bdc0c8edc79b8462ae

И не, не зборуваме за работилница или пак за простор за складирање на различни нешта.

Вашата гаража може да се преобрази во вистински простор за живеење – по ваша желба и според вашите лични потреби.

Се разбира, треба да ја приспособите и големината на гаражата, за да сте свесни во што точно би можеле да ја трансформирате. А потоа – доволно е да беснее умот!

Домашен фитнес, арт студио, канцеларија, а зошто не и “машко дувло”? Со потребните мебел и подобрувања на местото ќе го добиете токму она за што сонувате.

Во нашата галерија може да најдете креативни идеи, кои ќе ве инспирираат.