Во Кина изградија еко-пат над вода

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Во Кина открија нов дел од патот кој го поврзува регионот Xingshang со мостот Zhaojun во централната кинеска провинција Хубеија.b8a1726894ac2047807e631b10f97797

4 километри од вкупно 10-километарскиот пат е изграден врз мост кој поминува над средината на потокот.

Новиот пат ќе помогне за скратување на времето на патување од Xingshan до автопатот Yiba. Само 20 минути ќе бидат потребни на оние кои сакаат да ја поминат оваа далечина.

Освен заштеда на време, новиот пат ќе им овозможи на возачите и патниците да уживаат во убавината на околната природа.

Пред изградбата на новиот пат луѓето требало да патуваат околу час по единствениот тогашен пат кој бил стрмен и тежок.

Проектот за изградба на овој пат бил предложен во 2013 година заедно со уште две варијанти. Инженерите на проектот сепак запреле врз изградбата на трасата над вода, за да се заштити богатството од растенија во шумската област во планината.

Луѓето вклучени во проектот, велат дека ова е првиот “еколошки пат над водата” во Кина. Изградбата чини 4.4 милиони јуани или 700 000 долари.

Влезете во галеријата и проверете го патот над вода во Кина.