Монах Шаолин во текот на неколку часа седеше во лотос позиција во знак на протест против употребата на мобилни телефони. Монахот, чие име не се соопштува, го направи протестот во деловна зграда во кинескиот град Чженчжоу.
Секој,кој поминуваше покрај него, тој повикуваше да се откаже од својот мобилен телефон. “Дајте ми телефонот, кој ќе го задржам заклучен во шкаф од 10,00 до 18,00 часот. Потоа ќе ви го вратам”, предлагаше монахот кој беше придружуван од 4-ца послушници. На грбот човекот од манастирот Шаолин пак беше имаше плоча со натпис: “Фрли го”.
Монахот дури предлагаше бесплатен билет за посета во Шаолин на оние кои ќе се откажат од своите мобилни телефони. Не се најде, сепак ниту еден таков.
