Целта на радикалната левица Сириза на предвремените парламентарни избори на 20 септември е да добие “силен мандат, апсолутно мнозинство”, за да може да управува наредните четири години, вели поранешниот премиер и лидер на партијата Алексис Ципрас во интервју во неделникот “Риалнуз”.
Изборите се можност да се излезе од десната двопартијност Нова демократија – ПАСОК, двете партии кои се доминантни на грчката политичка сцена во последните четири децении … витално значење e да не се враќаме назад, туку да направиме чекор напред, истакнува Ципрас во интервјуто. Со предност од 1 до 3,5 поени, според анкетите, пред главниот противник Нова демократија Сириза има мали шанси да добие апсолутно мнозинство. Таа ќе биде принудена да бара сојузници за да формира коалициска влада, како што направи по победата на 25 јануари.
Ципрас сепак исклучува каква и да било соработка со партиите од стариот политички систем, и вели дека единствено партијата Независни Грци, неговиот партнер во владата во текот на осум месеци, може да ја игра оваа улога. И покрај ветувањата да стави крај на суровото штедење во Грција Ципрас потпиша во јули во Брисел договор со доверителите за продолжување . На прашањето за причините поради кои не побарал прошка од грчкиот народ, Ципрас посочи: Зошто треба да барам прошка? Се борев со сета своја душа да останам верен на мандатот на грчкиот народ, мнозинството не сака излез од еврозоната – оваа закана беше од доверителите ЕУ и ММФ, рече тој.
Алексис Ципрас вели дека морал да се соочи со економска војна и дека на крајот не успеа да победи против сите чудовишта и да ги поправи сите проблеми на земјата, кој стариот политички систем го предизвика: корупцијата, затајувањето на даноци, корумпирани политичари .
