Израелското Министерство за здравство ѝ нареди на прехранбената американска компанија Heinz да ги смени етикетите на кечапот, кој го продаваат во оваа земја и таму да пишува за клиентите дека тие купуваат “зачин од домати”.
Според Ocem, конкурентот на “Хајнц” и компанија која продава најмногу кечап во Израел, во производот на Американците немало доволно количество домати, за да биде нарекуван кечап. Во јануари од Osem рекоа дека извршиле тестови на кечапот на Heinz, при што откриле дека производот содржи само 21% доматен концентрат. Во Израел условот е содржината на доматниот концентрат да е барем 41%.
Постојат тврдења дека дистрибутер на Heinz во Израел се залагал за промена на нормите. Портпаролот на Heinz Europe во коментар за продажбата на производот на компанијата во Израел изјави дека не е променет ниту оригиналниот рецепт за производство на доматниот кечап на застапуваната компанија, ниту пак стандардите за кечап во светот. Производството на кечап на Heinz започнува во 1876 година.