Љубовен хороскоп од 31 август до 6 септември 2015

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Ѕвездената карта покажува дека Сонцето ќе се спротивстави на Нептун. Ставете крај на нереалните очекувања. Иако Венера сѐ уште се движи ретроградна, во неделата љубовта ќе се сврати во позитивна насока. Ако ја барате својата сродна душа, има шанса да ја сретнете. Прочитајте повеќе во љубовниот хороскоп. a163041ccf4319799a8066503e318b31

Овен
Ако се наоѓате во врска, во вторник саканиот човек може да ве изненади пријатно со подарок. Можеби нешто за што подолго време сте сонувале. Во неделата Венера ќе влезе во секторот на вистинската љубов. Сè што сте научиле како лекции за љубовта, ќе имате можност да го примените успешно.

Бик
Некои од вас се премногу збунети за прашања поврзани со љубовта. Не барајте совет од пријател, бидејќи тоа дополнително ќе ве збуни. Добрата вест е дека вашата владејачка планета Венера, веќе нема да биде ретроградна.



Близнаци
Најпосле ќе донесете позитивни и продуктивни решенија за животот и љубовта. Сега имате можност да се откриете себе, врската  и да уживате во многу романтични моменти со вашиот сакан/а. d4418090a6c982cb6d08258a5c701816

Рак
Копнеете за промени во вашиот љубовен живот, но остварувањето на вашите желби, како да се одложува. Ќе треба да бидете трпеливи во љубовта. Не го блокирајте партнерот, но и не ги задржувајте во себе емоциите. Ако сте неврзани, имате шанса за нова љубов.

Лав
Ќе имате многу прилики за радост. Венера патува долго време ретроградно во вашиот знак, но сето тоа почнува да се менува. До недела ќе се почувствуваат првите позитивни промени. Имате голем потенцијал за романса, нова врска и прекрасни моменти. Искористете ги!

Девица
Во оваа фаза Сонцето е во вашиот знак и ќе се спротивстави на Нептун во секторот на партнерствата. Ова може да ја отежне комуникацијата со вашиот сакан/а. Отстранете ги розовите очила и гледајте објективно на ситуацијата. Ако сте осамени, по неделата ќе имате добри можности за нови познанства.

e0a4142c2b19504fb0b1e33e6e6b7c24
Вага
Повод за радост ќе имаат и родените во знакот на хороскопскиот знак Вага. Венера ќе излезе од својот ретрограден пат. Овој настан сигурно ќе ви помогне на љубовниот и социјалниот живот. Имате нови можности за создавање на среќна врска, но бидете повеќе социјални.

Шкорпија
Без разлика дали се наоѓате во сериозна врска или имате само сексуални односи со некој, ќе се чувствувате збунети. Можно е таа или тој, да не ја откриваат својата вистинска природа и тоа ќе ве натера да почувствувате некаква несигурност во љубовта.

Стрелец
Ако сте осамени и сте изгубиле надеж дека ќе ја сретнете љубовта, не се откажувајте! Има надеж да го најдете вистинскиот колега за вас. Вселената ќе стори сé за да ги отвори пред вас вратите за убава љубов. Останатото зависи од активностите и ставовите.

daaf4f5cb17c91c9d0a0cd811dbd194bЈарец
Можно е во последните недели вие и партнерот, да сте имале предизвици или незгодни моменти во интимниот живот. За среќа, по вторник, ќе имате можност да ја подобрите интимноста, а по неделата ќе се чувствувате како да сте влегле во целосно нова димензија во љубовта.

Водолија
Во последните неколку недели имавте убави моменти, но и пречки и сето тоа се должеше на ретроградната Венера. Ако сте положиле напори да ја одржите врската, во овие денови ќе започнете да ја гледате наградата за вашиот труд. Ве очекуваат љубовни победи.

Риби
Ако се наоѓате во врска, бидете свои. Не се кријте зад лажен лик, туку покажете вистинска слика. Дури и да има нешто што треба да биде поправено, омилениот човек ќе ви ја даде својата поддршка.