Името на Џон Скли тешко дека им значи на многу на голем дел од луѓето, но тој всушност беше извршен директор на Apple во 80-тите години и дел од 90-те години. Сега Скли е ко-основач на компанијата за смартфони Obi Worldphone која веќе ги претстави првите два модела, соопштува интернет изданието Engadget.
Целта на компанијата не е да го создаде следниот Samsung или Apple. За сега таа има доста скромни ставови и нуди уреди кои се со цена под 200 долари и се насочени кон одредена публика. Во случајот двата смартфона на Obi – SF1 и SJ1.5 се направени за луѓе под 25-годишна возраст и кои живеат во Азија, Африка или на Блискиот Исток. Телефоните се потпираат на привлечен дизајн и компоненти од водечките компании. Процесорот е Qualcomm, камерата е на Sony, екранот е заштитен со Gorilla Glass. Поседува дури и озвучувањето сертифицирано од Dolby.
Сепак Скли зема и трикови и од книгата на Apple. Тој вели дека дизајнот ќе е водечка карактеристика на телефоните на Obi. Второ компанијата ќе се обиде да биде максимално флексибилна и ќе се труди брзо да реагира на промените во интересите на корисниците и нуди ремонтирани телефони со подобрен хардвер или дизајн. Скли истакнува дека ,,телефоните нема да се составуваат од евтини материјали покрај ниската цена“ . Моделот SF1 пример ќе биде изработен од зајакнат фиберглас. И двата уреди ќе имаат слотови за две SIM картички.
Ако интересот за нив е доволен, може да се појават и во земји надвор од првично селектираните региони.