(ВИДЕО) Тејлор Свифт во секси односи со Скот Иствуд во прекрасниот нов спот

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Тејлор Свифт премирено го прикажа својот нов музички спот за синглот “Wildest Dreams” во рамките на музичките награди на МТV, кои се одржаа вчера вечерта (30-ти август).

Во сексапилното видео на пејачката учествува и жешкиот син на Клинт Иствуд – Скот, кој веќе има статус на ѕвезда во подем во Холивуд.

Во новиот клип Свифт е бринета, која влегува во улогата на филмска ѕвезда. Двајцата со Скот  снимаат филм во пустината Сахара и додека работат на различни љубовни сцени се гледа страст, но и тензија меѓу нив.4deaa386adbf67ebb7022f031339cbd5

На крајот односите на двајцата стануваат сложени и мачни – апсолутно холивудскиПесната “Wildest Dreams” е сметана за една од најзрелите од последниот албум на Тејлор – “1989”.

Неодамна 29-годишниот Иствуд напиша во својот профил во Instagram како е да работиш со ѕвезда како Свифт: “Работата со неа беше неверојатно искуство. Таа не само што е поп ѕвезда, но сум горд дека можам да кажам дека е мој пријател. Таа е одличен човек, а луѓето како неа се среќаваат многу ретко во животот. ”

25-годишната русокоса сподели неодамна, што ја испровоцирало да напише оваа песна. Таа рече: “‘Wildest Dreams” е најдобар пример за тоа како моите очекувања за љубовта се менуваат со времето. Во почетокот има хемија, но кога таа ќе исчезне, работите често нѐ збунуваат … ”

Веќе неколку месеци пејачката е во врска со шкотскиот диџеј Калвин Харис.