
Индискиот врховен суд ја поништи одлуката на судот на државата Раџастхан што забрануваше примената на контроверзниот џајнистички ритуал сантхара, при кој се пости до смрт, пренесе ББЦ во понеделникот.
Судот во Раџастхан пресуди во почетокот на август, дека практикувањето на сантхара е самоубиство и затоа е незаконско. Следбениците на оваа практика сепак излегоа на протест, посочувајќи дека самоубиството е грев и емоционално решение, додека сантхара е религија и осознаена неопходност.
Врховниот суд допрва ќе се произнесе по случајот, а експерти по право сметаат дека ќе бидат потребни неколку години до постигнување на конечен заклучок.
Џејнизмот е една од најстарите религии во светот и нејзините монаси водат живот на исклучително тешки лишувања. Во Индија нејзини следбеници се околу 6 милиони луѓе.
Ритуалот сантхара кој е познат уште како салекхама, е контроверзна практика при која следбениците на Џај, одлучиле да се исчистат целосно се откажуваат од храна и вода и умираат.