Деновите на раскапани сладоледи и белите маици во чоколадни дамки исчезнаа. Научниците открија начин да го запрат топењето на сладоледот.
Благодарение на протеин леденото лакомство останува црвсто подолго. Протеинот држи заедно воздух, вода и масти и е познат во јапонската кујна како “натто”. Ова е традиционална јапонска храна подготвена од ферментирана варена соја. Истражувачите од Универзитетот во Единбург и Универзитетот во Данди откриле дека со додавање на протеинот во сладолед, тој престанува да се топи.
Протеинот исто така може да заштити сладолед од зацврстување што често се добива при замрзнување. Заокружувањето на откритието значи дека производителите ќе можат да создаваат сладолед со помалку заситени масти и затоа со помалку калории. Научниците сметаат дека новиот сладолед може да се појави на пазарот за три до пет години.
Натто се прави од ферментирана соја и во Јапонија најчесто се конзумира со ориз. Кулинарското богатство на Јапонија има леплива и жилава текстура со остар мирис, сличен на сирење.