ДОМ со јасни позиции во парламентот

од Vladimir Zorba
84 прегледи

ДОМ го поздравува враќањето на коалицијата на СДСМ во Парламентот, зашто само со комплетен Парламент може на мирен начин да се излезе од кризата. Сега е на потег мнозинството, за да се реализираат следните чекори од договорот во Пржино.

dom

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, ќе продолжи да дејствува со јасни позиции, со кои партијата како самостоен субјект истапи од владината коалиција. Инаку, таа во целиот претходен период на коалицирање дејствуваше како независна пратеничка и никогаш не беше дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа беше против законите за високо и средно образование, за урбанизам и просторно планирање, за уставно дефинирање на вонбрачната заедница итн., а предлагаше закони за градски архитект, за зеленило, за една изборна единица, за заштитен сведок, за амнестија на 15.000 осудени социјалци и др.