Тековниот климатски феномен Ел Нињо најверојатно ќе е еден од најсилните регистрирани досега, посочува Светската метеоролошка организација (WMO), цитирана од BBC News.

Феноменот се забележува кога водите на Тихиот Океан се затоплуваат премногу и предизвикува промени во климатските модели низ целиот свет.Научниците претпоставуваат дека Пацификот може да се загрее со 2 степени Целзиусови повеќе од вообичаеното. Според метеоролозите во моментов Ел Нињо стекнува голгема моќ, а нејзиниот врв се очекува кон крајот на годината. Најтешко десјтвувања на Ел Нињо е регистрирано во 1997-98 година. Феноменот надмина значително нормите и во 1972-73, како и една деценија подоцна во 1982-83 година. “Моделите и експертските проценки укажуваат дека температурата на површинските води во источно-централниот дел на тропската зона на Пацификот, најверојатно ќе се зголеми за повеќе од 2 степени Целзиусови над просекот, поставувајќи го феноменот Ел Нињо меѓу четирите најмоќни од 1950 година година “, се вели во соопштението на Меѓународната метеоролошка организација.
Ефектот врз глобалната клима се очекува во следните шест до осум месеци.Феноменот може да ги промени вообичаените климатски модели во различни делови на земјината топка, предизвикувајќи тешки суши во некои региони на Азија и во исто време поплави во области на Северна Америка. Ел Нињо може да доведе до поплави на сомалиски полуостров и суши во Јужна Африка. Климатски феномен влијае и на јужноазиското монсуни, дополнува BBC News, цитиран од “Фокус”.Рибарите,кои заработуваат во водите на Тихиот Океан во близина на брегот на Перу и Еквадор го познаваат Ел Нињо, со векови, се наведува во материјалот на Националната вселенска агенција на САД (NASA). На секој меѓу три и седум години за време на месеците декември и јануари рибата во крајбрежните води исчезнува и тие остануваат без егзистенција. Јужноамерикански рибари му го дале на феноменот името Ел Нињо, што на шпански значи “момче”, бидејќи феноменот се манифестира во времето кога се одбележува раѓањето на детето Исус.