Русија со оружје “потсетува”- за прв пат во историјата организира парада за заземањето на Курилските острови

од desk3
80 прегледи

Русија организира за првпат воена парада, за да го одбележи заземањето пред 70 години на група острови во Тихиот Океан, за кои уште спори со Јапонија.

“Ројтерс” коментира дека Москва никогаш досега не покажала сила на овој начин и тоа може да предизвика тензии во односите со Токио.

zx450y250_2602365

Освен тоа парадата на островот Сахалин се вклопува во серијата демонстрации на воени способности од страна на претседателот Владимир Путин во време кога односите на Русија со Западот се на најниската точка во последниве децении поради улогата во конфликтот во Украина.
Околу 700 војници, 24 тенкови и оклопни возила и 14 хеликоптери преминаа во средата во центарот на Јужносахалинск, а поворката беше пренесувано на националната телевизија. Во публиката ветерани и граѓани со цвеќиња беа на бината да го одбележат она што Москва нарекува “ослободување на Сахалин” и блиските Курилските Острови од Јапонија во 1945 година (Јапонците ги нарекуваат “Северни територии”.)

zx450y250_2602367

 

Хокаидо – Најблискиот од најголемите јапонски острови, се наоѓа само на 40 километри јужно од богатиот со нафта и со природен гас остров Сахалин.

Споровите со Токио за островите, кои Русите нарекуваат Курилските, се најдоа во границите на поранешниот СССР и се причина и до денес да нема потпишан мировен договор меѓу двете страни. По посетата во август на премиерот Дмитриј Медведев на остров Итуруп министерот за надворешни работи на Јапонија Фумио Кишида ја одложи посетата на Русија.

zx450y250_2602370

Путин вели дека е подготвен на дијалог за спорните острови, но го обвинува Токио во недостаток на желба за тоа.

Во меѓувреме Русија крева во регионот одбранбени капацитети и упатува претензии кон потенцијалните наоѓалишта на морското дно во централниот дел на Охотско Море.

zx450y250_2602368

Парадата беше организиран часови пред пристигнувањето во Пекинг на претседателот Владимир Путин за прославите и невообичаено големата воена парада по повод крајот на Втората светска војна на 2 септември 1945 година

Ниту една западна држава не испрати своја делегација на високо ниво.

Пред посетата Путин повторно рече дека има обиди да се искривува историската вистина во Азија и Европа за улогата на Москва во поразот на Германија и Јапонија пред 70 години.