Европската комисија одби да ги предаде документите на европски органи кои испитуваат дали членки на ЕУ користат специјални даночни режими кои профитираат врз големите мултинационални корпорации како “Фејсбук” и “Амазон”, пишува “Индипендент”.

Еврокомесарот за економија Пјер Московичи напишал до специјалната комисија на Европскиот парламент за даночни стандарди, дека не може да ги пренесе 25-те барани документи без согласност на земјите-членки. “Речиси половина од земјите членки рекоа дека нема да дадат согласност за пренос на овие документи на вашата посебна комисија”, посочил Московичи во документ до ЕП, објавен од “EUobserver”.
Комисијата, на чело со францускиот европратеник Ален Ламасур, започна истрага за даночни уредби меѓу 28 земји-членки во февруари. Тој побара документите во јули, опишувајќи ги за “скандалозни” начинот на кој најголемите мултинационални компании го избегнуваат плаќањето на својот удел во вкупните каса.
Истрагата на комисијата треба да го откритие случајот “LuxLeaks”од минатата година, кога новинари објавија над 28 000 доверливи документи за околу 500 приватни даночни аранжмани меѓу 300 мултинационални компании. Од нив стана јасно дека Луксембург дозволува на компаниите да плаќаат многу мал данок, во некои случаи под 1%. Многу од овие нарушувања се регистрирани за време на мандатот на актуелниот претседавач на ЕУ, Жан – Клод Јункер како премиер на Луксембург. Инспекторите патувале до Ирска, Холандија, Велика Британија, Белгија и Швајцарија, но откриваат дека биле спречени од недостатокот на соработка од страна на корпорациите. Комисијата поканила 18 компании на дискусија, но само четири реагираа – “Airbus”, нафтената компанија “Total”, енергетскиот провајдер SSE и финансискиот посредник “BNP Paribas”. Меѓу оние кои ја одбија поканата се “Facebook”, “Coca Cola” и “IKEA”. По завршувањето на работата на 45-члената комисија, таа ќе ги претстави своите заклучоци и препораки во извештајот. Се очекува тој да биде изгласан од сите членови на Европскиот парламент во ноември. / Индипендент