Русија и Кина заедно против “препишувањето” на историјата

од desk3
108 прегледи

Претседателот на Русија Владимир Путин увери дека независно од турболентностите во економијата на Русија и Кина, крупни билатерални проекти ќе бидат реализирани.

430x330

“Ги гледаме сите потреси кои се случуваат во светот, во нашите економии, ние сме подготвени за тоа”, изјави Путин за време на средбата во претседателот на Кинеската народна република во Пекинг.

Владимир Путин е меѓу официјалните гости на парадата по повод 70-годишнината од завршувањето на Втората светска војна.

Според зборовите на Путин, заедно со својот колега Цзин Пин имаат целосна доверба дека ќе “се движиме постепено напред, кон развивање на билатералните односи и ќе ги извршуваат заедничките планови”.

Лекциите од Втората светска војна треба да се паметат и поради тоа, за да се работи за намалување на воените конфликти во целиот свет, коментираше Путин при својата посета на Пекинг Путин. Според него не само сегашноста, но и минатото, и начинот на кој се гледа на проблемите во историјата,ги здружуваат народите на Русија и Кина, кои не треба да ја заборават трагедијата на Втората светска војна.

“Да запомниме, ние сме должни за тоа, за да не дозволиме никогаш во иднината повторување на историјата на ВСВ”, додава рускиот претседател.

Од своја страна претседателот на Кина Си Цзи Пин изјави дека двете страни се должни заедно да се спротивстават на препишување на историјата на Втората светска војна.

“Настапија години, во кои младите луѓе знаат сè помалку да историјата на Втората светска војна, други почнаа да забораваат, а трети дури се обидуваат да ја преиначат, да го преработат овој дел од историјата. Во овој поглед нашите ставови (на Русија и Кина ) целосно се совпаѓаат “, коментираше Си Цзи Пин пред Владимир Путин.