Работно време и слободен ден за проститутките во Брисел!

од desk3
89 прегледи

Проститутките во Брисел ќе одмараат задолжително во недела и ќе имаат работно време, ако општинарите го одобрат новиот предлог за дополнително регулирање на најдревната професија.

0000275388-article2

Општинските советници во соседството “Сен Џос”, каде се концентрирани 80% од свештеничка на љубовта во Брисел, нудат работно време од 8 до 23 часот и слободен ден – недела.

Проституцијата во Белгија е легална и се прави главно во станови поврзани со излози од холандски тип во кои жените го покажуваат својот изглед и привлекуваат клиенти.

Општинарите инсистираат овие станови да бидат затворени секоја вечер од 23 часот до 8 наутро, како и во неделата.

Мерката доаѓа по наредбата на полицијата за ограничување на бројот на проститутките, кои можат да работат во еден стан.

Според градоначалникот на “Сен Џос” Емир Кир сепак таа не се почитува и проституцијата продолжува да е поврзана со трговијата со луѓе, оружје и дрога.

Според иницијаторите подобро да се ограничи работното време, отколку да се стави полицаец пред секоја излог, за да го следи почитувањето на правилата.

Опозицијата во општинскиот совет, сепак е против, бидејќи смета дека “работното време” ќе ги истера проститутките на улиците и контролата врз нивните активности ќе стане уште потешка, а клиентите ќе бидат во поголем ризик од зарази.

Предлогот доаѓа за време на широка јавна дебата за забрана на проституцијата, кој се води во Белгија. Според податоци на полицијата повеќе од половина од “секс-работничките” во Брисел се Бугарки и Романки.