Најкористен лек во Македонија е „диазепамот“, речиси секој четвртти жител на Македонија последниве месеци го пиел.

„Диазепамот“ е меѓу десетте најкористени лекови во Македонија, заедно со оние за намалување на крвниот притисок, мастите и регулирање на шеќерот во крвта. Ова го покажале статистиките на Фондот за здравство која евидентирала дека од почетокот на годината до јуни од околу 10,5 милиони реализирани рецепти близу 900 илјади се за притисок и за срце, а повеќе од 500 илјади се рецепти за седативот „диазепам“.
Според досегашните анализи за употреба на лекови за 2015 година, најбарани лекови се тие за третмани на срце. Досега се реализирани околу половина милион рецепти за лекови за срце.