Одлуката на НАТО за создавање на командни центри во земјите од Источна Европа ќе разгори конфронтацијата во односите со Русија, изјави денеска претставникот на Русија во НАТО Александар Грушко .
Оваа одлука потврдува дека НАТО прави обиди за да парира “митската закана откај Истокот”, коментира Грушко.
“Тоа е во спротивност со големите интереси на паневропска и на регионалната безбедност, која може да се обезбеди само со еднаква и со колективна основа”, изјави рускиот претставник.
Во НАТО заземат врв силите, кои сакаат да направат неповратно враќањето кон задачата за “одвраќање” на Русија. Тоа е пат кон ќор-сокак, води до зајакнување на тензиите по шаблони од времето на студената војна, додаде Грушко.
Гарантирањето на безбедноста на земјите од НАТО е неопходен услов за дијалог со Русија, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг .
Отворањето на штабни канцеларии на НАТО во Бугарија, Латвија, Литванија, Полска, Романија и Естонија воопшто не треба да се гледа како на провокација насочена против Русија, нагласува тој.
“Воопшто не ја делам оваа проценка. Суштински е членките на НАТО да чувствуваат дека се во целосна безбедност, тоа е неопходен услов за дијалог. Русија треба да сфати дека со конфронтација и закани не може да се постигне ништо, за целта е потребна соработка . Сметам дека во Русија го знаат тоа, не знам, меѓутоа незнам кога и како ќе се случи тоа “, вели Јенс Столтенберг во интервју за норвешкиот весник” Афтенпостен “.
