Меркел Храбрата “пали и гаси”: за бегалците германската канцеларка е храбра, решителна и точна

од desk3
77 прегледи

 

Ангела Меркел може да е највлијателен политичар во Европа, но ретко покажувала склоност кон храбро лидерство. И во внатрешната политика, а особено во кризата со еврото, стилот на германската канцеларка е претпазлива постепеност. Таа избегнува радикални ставови, го одложува донесувањето на одлуки и тоа обично се одразува на јавното мислење. Европската унија плати тешка цена за слабите нејзини инстинкти, не на последно место бидејќи тие ја продлабочија кризата во еврозоната и ја одолговлекува повеќе од потребното.

меркели

Освен тоа, пристапот на Меркел кон кризата со мигрантите во Европа е извонреден. Во момент кога огромни маси Африканци и Арапи стигнаа на италијанските и грчките острови, и источноевропските железнички станици се претворија во бегалските кампови , канцеларката зазеде храбра позиција. Таа ја критикуваше ксенофобијата, покажа подготвеноста на Германија да прифати повеќе сириски бегалци и даде поттик за наоѓање на европска заедничка одлука на експлозивниот политички проблем.

На 31 август Меркел упати драматичен апел за мобилизација на силите и предупреди дека тешката судбина на бегалците ќе има тешки последици за иднината на ЕУ од нередот со еврото. “Ако Европа пропадне по прашањето со бегалците, таа нема да биде онаа Европа која ја сакавме”, рече таа и е права со тој став. ЕУ се роди по катастрофалната војна со ветување за солидарност со прогонетите и угнетените. Најголемата преселба на луѓе по 1945 година е тест за европските вредности и за способноста на земјите членки да работат заедно. Луѓето бегаат од граѓанските војни во Сирија и Ирак, очигледно им е потребна помош, а европските земји можат да ја обезбедат само ако си ги распределуваат задачите.

Тоа значи колективен одговор. Граничната контрола за повеќето земји членки на ЕУ е заеднички проблем, но за жал миграциската политика и азил остануваат национални проблеми. Бегалците мора да побараат азил во првата европска земја во која стапнале, која обично е Италија или Грција. Но овие земји се зафатени од луѓе кои повеќето сакаат да се насочат на север кон Германија, Велика Британија или Скандинавија. Тоа не е тешко, благодарение на укинувањето на пасошката контрола на внатрешните граници во ЕУ (систем познат со името Шенген, која опфаќа 26 европски земји, но не и Велика Британија).

На некој начин ова несовпаѓање меѓу европското и националното е одраз на тензиите во еврозоната, каде валутата е заедничка, но долговите на земјите се индивидуални. Незавршената интеграција сега подложува и на миграциската политика. Разликата е во тоа што овој пат Меркел инсистира на решение целосно на ниво на ЕУ – систем за прераспределба на бегалци во која сите членки на Шенген зоната ќе учествуваат. Без таков систем може да биде невозможно да се продолжи патувањето без државни граници низ континентот, кое ќе е голем чекор назад за евроинтеграциите.

Малкумина други европски политичари имаа храброст да направат толку јасна врска помеѓу европските вредности, колективниот интерес на Европа и непоколебливите активности по прашањето со бегалците. За да го ограничи бројот на бегалците во земјата, британскиот премиер Дејвид Камерон рамнодушно истакнува дека при пристапувањето кон ЕУ Велика Британија потпишала клаузули, кои го даваат право да не се придржува кон европските миграциски политики.

Многу источноевропски политичари се оддадоа кон ксенофобични изјави и позиции, одбивајќи да прифатат бегалци во нивните земји, иако нивните граѓани ја уживаат привилегијата да патуваат без граници.

Без сомнение активностите на Меркел се под влијание на проблемите дома. Германија очекува да регистрира до 800 000 кандидати за азил оваа година – многу повеќе од која било друга земја во ЕУ и загриженоста на гласачите расте. Но, желбата за споделување на товарот не смее да биде смешан со себичност. Во услови на криза, со која Европа нема со што да се гордее, лидерството на Меркел е брилијантно исклучок.