Шесте војни, од кои бегаат луѓето на Блискиот Исток

од desk3
95 прегледи

Велат дека несреќата раѓа чудни партнерства. Ова важи со посебна сила за современиот Блиски Исток.

Подемот на “Исламска држава”, која контролира големи територии од Сирија и Ирак, стана повод за создавање на голема меѓународна коалиција со учество на САД, Турција, партнерите на Вашингтон од Персискиот залив, Иран и Израел.

zx450y250_2603560

Една од последиците по создавањето на оваа чудна коалиција се активностите на проиранските милиции на територијата на Ирак, кои очигледно ја делат истата кауза со САД. Голем број организации алармираа дека во Сирија земјите од Заливот ги поддржуваат сунитските групи поврзани со “Ал Каеда”, додека сојузниците на групата како “Џабхат ан Нусра” војуваат со сириските бунтовници.

Џонатан Маркус од БиБиСи прави обид да ги објасни овие чудни навидум коалиции. Според него клучот е во тоа што во моментов во Блискиот Исток се водат четири војни плус два конфликтот.

Конфликт № 1: Ирак

Земји како Сирија и Ирак, чиј денешен статус е производ на крахот на империите по Втората светска војна, во практиката се речиси пропаднати држави. Претходно овој месец, новиот шеф на американските сили во Ирак Рејмонд Одиерно зададе логично прашање- дали план за поделба на земјата нема да биде подобра опција за нејзината иднина. Иднината на Сирија е уште покомплицирана за предвидување.

Кога се зборува за активностите на меѓународната коалиција против “Исламска држава” на територијата на двете земји, треба да се напомене дека некои земји – како Велика Британија – преземаат воздушни напади само во Ирак, но не и во Сирија.

Од двете држави статусот на Ирак е јасен. Најопшто кажано земјата може да биде поделена на три:

– Слаба влада во Багдад, доминирана од шиитите. Таа мора да се справи со двете “Исламска држава”, така и со неконтролираната корупција. Засега и во двете сфери забележува мал напредок. Владата е поддржана од САД, нивните сојузници и се разбира Иран – безмилосен противник на терористите;

– Полуавтономниот регион во северен Ирак, управуван од Курдите. Тие се издвоија како едни од најефикасните борци против џихадистите;

– Сунитското малцинство. Многумина од неговите претставници се чувствуваат исклучени од државата, контролирана од шиитите, а некои од нив војуваат во редовите на “Исламска држава”.

Да резимираме: Во Ирак коалицијата предводена од САД нападна цели на “Исламска држава”. Таа е помогната од ирачката армија, курдските милитанти и проиранските милиции.

Двете сириски војни
И поради сложеноста на политичката ситуација во Ирак, таму фронтовските линии се јасни. Сирија е сосема друг случај. Тоа е така, бидејќи таму се водат не еден, туку два вооружени конфликти.

Тука исто така се забележани сличности со Ирак – меѓународната коалиција нанесува воздушни напади на објекти на “Исламска држава”, помогната од курдски борци и други сили на земјата. Само што т.н. умерени сили против џихадисти се слаби и поделени покрај обидите на САД да им ги зацврсти позициите.

Сојузниците на Вашингтон од Заливот (Саудиска Арабија и Катар пример) за возврат поддржуваат различни фракции во Сирија, но се далеку заинтересирани за вториот конфликт: борбата против влијанието на Иран во регионот, отелотворен од режимот на Башар Асад и неговите (и на Иран) сојузници од “Хезболах” од Либан.

За арапските народи битката против Иран е иста толку, ако не и повеќе релевантна од спротивставувањето на “Исламска држава”. Тие доделуваат пари и испраќаат оружје во Сирија во обид да го поткопаат уште режимот на Асад. САД исто така сакаат да го видат крајот на неговото владеење, но не веруваат дека тоа може да се направи преку употреба на сила.

Фактот дека армијата на Асад исто војува со “Исламска држава”, дополнително ги колеба активностите на Западот и објаснува зошто заедничка стратегија за иднината на Ирак и Сирија ќе биде тешка за спроведување.

Противењето на Иран може да биде видлива и во Јемен по интервенцијата на Саудиска Арабија и нејзините сојузници. И таму има сомневања дека земјите од Заливот поддржуваат формации, определени од САД како сојузници на “Ал Каеда”.

Курдскиот фактор
Тука се појавува курдскиот фактор. Курдите имаат свои политички и национални стремежи, но се поделени меѓу Турција, Сирија и Ирак, како и на бројни меѓусебно завојувани фракции.

Нишањето на Ирак и претстојниот крах на Сирија може да ги инспирираат Курдите за нова борба за независност, особено со оглед на американската поддршка за некои курдски формации.Тоа за возврат е табу тема за турската влада, што стравува дека настаните во Ирак и Сирија може да го поттикнат курдското малцинство во Турција да бара обединување со курдите во соседните држави.

Турција е дел од меѓународната коалиција против “Исламска држава” и неодамна даде зелено светло на Американците да ја користат базата во Инџирлик за операции против терористите. Анкара, исто така се приклучи на ударите. Само што поголемиот дел од нив се насочени не против цели на “Исламска држава”, туку против курдските милитанти.

Така на погоре споменатите три војни – меѓу коалицијата и “Исламска држава”, борбата на земјите од Заливот против Иран и конфликтот во Сирија – може да биде додадена четврта: меѓу Турција и Курдите.

Сојузите на Израел
Всушност една петта војна – најдолго тековниот конфликт во регионот меѓу Израел и Палестина – исто влијаеше за подемот на “Исламска држава”.

Групи блиски до ДАЕШ (арапското име на “Исламска држава), дејствуваат како на северната граница на Израел, така и на Синајскиот полуостров во Египет. Подемот на” Исламска држава “и општите грижи” затегнувањето на односите меѓу Иран и Израел со т.н. умерени арапски земји, и ова е шести конфликт кој се разгорува во регионот.

Најсветлата демонстрација за горниот навод се зголемените воени врски меѓу Израел и Јордан. Во последните недели Тел Авив продаде или испрати за Аман како хеликоптери, така и беспилотни летала. Има и пораки дека воени авиони на Израел и Јордан учествувале со САД во заедничките меѓународни вежби.

Додека погледите на сите аналитичари се насочени кон можниот колапс на две постоечки држави – Сирија и Ирак, вистинскиот мотор на политиката во регионот е како ќе биде одговорено на подемот на две потенцијално нови земји: од една страна калифатот на “Исламска држава”, од друга – можното создавање на нова курдска држава.

Значи не само Падот на стариот поредок гради необични сојузи. Шокот од непознатото е исто толку добра мотивација.