13 војници биле убиени за време на спецоперацијата на безбедносните сили на Таџикистан против немирната група на поранешниот заменик-министер за одбрана Абдухалим Назарзод.
Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Таџикистан се приведени 32 лица на групата, а кај нив се откриени над 500 единици оружје и муниција, автомобили. Откриени се и неколку скривалишта.
Според информациите на министертвото, самиот Назарзод, заедно со група свои борци, се сокрил во Рамитското дефиле, на околу 40 километри. од главниот град Душанбе. Операцијата за потрагата по него продолжува.
Властите го обвинуваат Абдухалим Назарзод за организирање на вооружените напади од вчера во Душанбе и град Вахдат. Во судирите загинаа десетици.
Нападите започнаа набргу откако Назарзод беше отстранет од позицијата со обвинувања за корупциски шеми.
Генерал Назарзод е претставник на Обединетата Таџикистанска опозиција, која во 90-тите години на минатиот век постојано доаѓаше до судири со владините сили. Тој ја зазема функцијата од 1997 година по склучување на договор за мир.
