Владимир Путин, за разлика од својот претходник Борис Елцин, ниту еднаш не вети дека ќе “легне на шините, ако згреши во прогнозите”. Во принцип во своите искази тој е внимателен . Но и покрај тоа во економската сфера дава понекогаш искази, кои не само што не се обистинија, но и напротив, му се тотално побиени од развојот на ситуацијата во Русија и светот. Три од овие економски “бисери” беа собрани и опишани од новинарите од руската редакција на БиБиСи.
Април 2014 година
“Нафтата котира и се продава на светските пазари во долари. Ако цената падне, така и побарувачката за долари нагло ќе се намали , а светската валута ќе почне да гогуби своето значење “(од изјавата на рускиот претседател за време на директната линија со граѓаните на Русија)
Кога Путин ја прави својата прогноза, цената на нафтата сорта Brent е 108.18 долари за барел, а еден долар се разменуваше за 36.08 рубљи. Оттогаш нафтата поевтини до сега со над 50% и последни цитати се 50.68 долари за барел, а американските пари не го загубија своето значење на светска валута. Во исто време рубљата се урива и според последните податоци еден долар се разменува за 67.01 рубљи.
Јуни 2015 година
“На крајот на минатата година ни предвидоа длабока економска криза. Тоа не се случи. Напротив, се стабилизира ситуацијата, и се угасија негативните влијанија на конјуктурата и самоуверено ги одиме во тешкотиите “(Изјава на рускиот претседател на Санкт-Петербургшки економски форум)
Во август руската статистика објавува податоци за обемот на бруто домашниот производ на земјата за вториот квартал на 2015 година. Излегува дека тој е намален за 4.6% на годишна основа, а прогнозата на руското Министерство за истиот период била за намалување од 4.4%. По тој повод министерот Улјукаев изјави дословно: “Има за што да размислиме”.
Август 2015 година
“Централната банка не прави многу за зајакнување на руската валута, за да може рубљата да се чувствува стабилно, а заедно со неа и целиот наш финансиски систем. Гледам дека упорно чекори по тој пат “. (Извадок од говорот за време на средбата на рускиот претседател со шефот на руската благајна Елвира Наибулина)
Само две недели потоа, на рускиот девизен пазар почнаа флуктуации, споредливи со “црниот вторник” од декември 2014 година. Доларот достигна максимум во однос на рубљата за последните 17 години, од моментот на деноминацијата во 1998 година.
