Груевски најавува: Бесплатно ин витро и за трето и четврто дете

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Премиерот Никола Груевски денес информираше дека Владата анализира и набргу ќе излеземе со нов предлог – да им се помогне и на оние што сакаат ин витро на трето или четврто дете.

gruevski33
– Досега беше дозволено поддршка на оние што сакаат второ и трето дете со ин витро. Сега Владата прави анализи да се ослободат од партиципација за сите, и за прво, второ, трето, четврто. Партиципацијата изнесува 6.000 денари и е 20 отсто од вкупниот износ. На наредната владина седница треба да донесеме одлука по ова прашање. Но, мислам дека не постојат пречки. До сега инвестиравме околу 1,5 милион евра годишно за ин витро прво и второ дете, изјави Груевски при денешната посета на Младо Нагоричане.
Груевски смета дека, според разговорите што ги имал со ФЗОМ и со министерот за здравство, постојат услови Владата да донесе одлука да се прошири опфатот и за трето и за четврто дете со ин витро и сите да се ослободат од партиципација.