Џон Кери го предупреди Сергеј Лавров за руските војници во Сирија

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Во телефонскиот разговор со својот руски колега Сергеј Лавров американскиот државен секретар Џон Кери предупреди дека зајакнување на руското воено присуство во Сирија може да доведе до ескалација на воените дејствија, соопшти РИА “Новости”.

20150905.ewatpiugit (1)

Буквално зборови на Кери биле: “ако пораките за присуството на руски војници во Сирија одговараат на реалноста “. Иницијативата за телефонскиот разговор е на американската страна. Џон Кери изјави уште дека едно таков  развој ќе го зголеми бегалскиот поток од Сирија кон Европа и содржи во себе закана од конфронтација внатре во коалицијата, која војува против “Исламска држава”.

Претходно прес секретарот на Владимир Путин- Дмитриј Песков, изјави дека извештаите во различни медиуми за учество на руски авиони и хеликоптери за воени дејствија во Сирија се невистинити. Тој, сепак не негира дека постои руска воена поддршка за претседателот Башар Асад, но не го конкретизира она , во  што точно се изразува таа.