Долгоочекуваната средба не оди според очекувањата и не ви е особено интересно? Или, пак, треба да чекате долго време во ред или додека не дојде време за качување на авионот?Вашиот паметен телефон може да знае кога и колку ви е досадно, соопштува интернет изданието Engadget.

Експерти од лабораторијата за истражување и развој на Telefonica во Барселона развиле алгоритам кој може даја врши оваа анализа. Тој зема предвид неколку фактори, вклучувајќи време, колку време е минато од последното интеракција со телефонот, што е тоа !. Тестовите покажале дека алгоритамот го оценува правилно нивото на здодевност во 83% од случаите. Кои се придобивките од тоа? Научниците направиле апликација која се користи од алгоритмот и да му нуди на корисникот нешто што може да му е интересно. Пример линк до статија во интернет. И тука тестовите покажале дека корисниците на кои им е досадно, многу почесто го посетуваат линкот, отколку оние кои не се чувствуваат здодевно. Алгоритмот може да стане основа за нова платформа за препораки врз основа на вистинскиот момент, кога корисник би покажал поголемо внимание и интерес. За сега сепак има уште доста работа во развојот .Специјалистите сакаат да ја зголемат нејзината прецизност уште повеќе. Потоа да направат така што апликацијата да може да избира уште повеќе што е погодно за соодветниот корисник како препорака.